По средбата предвидени се и заеднички изјави по што ќе следува прво меѓувладината конференција со Северна Македонија, а потоа и со Албанија
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен и премиерот на Чешка, Петр Фиала, како претставник на чешкото претседателство со ЕУ, ги пречекаа премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, во Брисел каде треба да се одржат првите меѓувладини конференции на двете земји за почеток на преговорите со ЕУ.






По средбата предвидени се и заеднички изјави по што ќе следува прво меѓувладината конференција со Северна Македонија (9:30 ч.), а потоа и со Албанија (11:30 ч.).
Отворачката изјава на меѓувладината конференција Ковачевски, како што е најавено, ќе ја даде на македонски јазик.
Дел од македонската делегација што ја предводи премиерот се и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.