Украинците тврдат и дека Путин бил кум на најмладата ќерка на уапсениот Медведчук
Украинската безбедносна служба соопшти дека го уапсила проорускиот политичар Виктор Медведчук, кој претходно бил во домашен притвор поради сомнение за предавство, но побегнал неколку дена по руската инвазија, пренесува Би-би-си.
И Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави фотографија од Медведчук со лисици, а на фотографијата тој е во украинска воена униформа.
Портпаролот на Кремљ коментирал дека ја видел сликата, но не може да каже дали е оригинална, пишува Би-би-си.
Украинците тврдат и дека Путин е кум на најмладата ќерка на Медведчук, кој е лидер на Опозициската платформа за живот, најголемата опозициска партија во Украина.
Во март годинава оваа партија беше една од неколкуте кои Зеленски ги суспендираше поради наводна поврзаност со Русија.