Пред украинскиот претседател да пристигне во Белата куќа, Трамп, кој накратко чекаше надвор, беше прашан од новинарите дали смета дека ќе има добар состанок со Зеленски. Наместо вербален одговор, Трамп го крена нагоре палецот од десната рака, сугерирајќи оптимистичен став за исходот од состанокот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа на средба со претседателот на САД. Го пречека Доналд Трамп во придружба на почесната гарда, согласно протоколот за највисоки државни посети.
Двајцата лидери се ракуваа пред западното крило на Белата куќа, позирајќи пред насобраните фотографи и новинари.

Трамп и Зеленски потоа се упатија кон Овалната соба, каде што ќе одржат билатерална средба, по која се очекува да одржат заедничка прес-конференција.

Пред украинскиот претседател да пристигне во Белата куќа, Трамп, кој накратко чекаше надвор, беше прашан од новинарите дали смета дека ќе има добар состанок со Зеленски. Наместо вербален одговор, Трамп го крена нагоре палецот од десната рака, сугерирајќи оптимистичен став за исходот од состанокот.

На средбата во Вашингтон се очекува американскиот и украинскиот претседател да потпишат договор за експлоатација на украинските минерални ресурси. За возврат, Зеленски инсистира економскиот договор да биде придружен со конкретни безбедносни гаранции од САД за Украина.