Десетици илјади граѓани им се придружија на студентите на денешниот протест во Ниш против неправдата и корупцијата на кој главен слоган беше „Заслужуваме подобро“
Големиот протест „Студентски едикт“ во Ниш е на повик на студентите од тамошниот универзитет по повод четири месеци од уривањето на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица.

Студентите и граѓаните, кои масовно им се придружија, се собрани на централниот плоштад Крал Милан и низ околните улици. Во 11.52 часот беше одржан 15-минутен молк за да им се оддаде почит на загинатите во уривањето на настрешницата, по што официјално започна програмата на собирот. Предвидено е протестот да трае до 3 часот по полноќ. Денешниот собир е најава за големиот протестен митинг закажан за 15 март во Белград.
