На местото на настанот има зголемено полициско обезбедување и вештаци, а може да се види и превртен мотор
Вооружена престрелка се случила денеска околу 13 часот на Бит-пазар, зад полициската станица. Според информациите од полицијата, едно лице е повредено.

На местото на настанот има зголемено полициско обезбедување и вештаци, а може да се види и превртен мотор.

Еден од куршумите завршил во излог на еден од дуќаните што се наоѓаат спроти местото на настанот.

„Денеска (25.04.2025) околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје. Полициски службеници од полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот најдени се повеќе чаури. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“,
информираа од полицијата за инцидентот.