Од фотографиите што ги направи репортер на „360 степени“ се гледа дека возилото на Министерството за внатрешни работи (МВР) е удрено од возачката страна
Попладнево на раскрсницата кај трговскиот центар „Мавровка“ се случи сообраќајна незгода, во која е удрено и едно полициско возило.

Очевидци на местото на несреќата велат дека во сообраќајката учествувале три возила, од кои едно е на полицијата.
Од фотографиите што ги направи репортер на „360 степени“ се гледа дека возилото на Министерството за внатрешни работи (МВР) е удрено од возачката страна.
Во сообраќајката нема повредени, но се уште нема детали од полицијата како се случила незгодата.
Во продолжение погледнете ги фотографиите од сообраќајката кај „Мавровка“:



