Од Зоолошката градина – Скопје информираат дека за првпат се родило младенче од видот двогрба камила (Бактријан) кое на свет дошло пред една недела.
„Малиот Буби одлично напредува, постојано е со неговата мајка Мираи, а со таткото Карлос во надворешното живеалиште ќе бидат заедно за околу една недела. Тогаш и сите посетители ќе имаат можност да го видат ова најубаво бебе“,
напишаа од Зоолошката градина на Фејсбук.
