Кафуле во Германија го одбележа своето повторно отворање по ограничувањата со тоа што за гостите обезбеди капи кои се направени од реквизити за базен со што се гарантира дека тие нема да можат да се доближат еден до друг и ќе останат на задолжителното растојание.
Од минатата сабота сопствениците на „Кафе Рота“ во Шверин – град во родната држава германската канцеларка Ангела Меркел во Мекленбург-Западна Померанија – ги отворија вратите за посетителите и наместо да користат ознаки на подот и пораки за одржување растојание тие им поделија капи направени од прачки од стиропор кои се користат како реквизити за базен.
„Денес е вака: Ја мериме оддалеченоста“,
напиша сопственичката на кафулето на својата Фејсбук страница на која сподели фотографии како гостите со овие уникатни капи уживаат во својот пијалок на топлото време.

„Ова беше совршен начин за да ги задржиме клиентите на дистанца едни од други – и водено е забавно. Но, исто така ни покажа и колку е тешко да се задржи растојанието од 1,5 метри”,
изјави сопственичката за ТВ РТЛ, која рече дека е изненадена од вниманието што нејзината фотографија го привлекла во медиумите низ целиот свет.