Присуството на принцот Вилијам и принцот Хари пред замокот Виндзор во саботата беше прво заедничко појавување на двајцата браќа по прославата на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора во јуни.
Вилијам и Хари, придружувани од нивните сопруги Кејт и Меган, пристагнаа пред Виндзор со ист автомобил.
Четворицата разгледаа дел од пораките, букетите и други предмети што граѓаните ги оставаат во чест на починатата кралица покрај портите на замокот, а потоа продолжија да се поздравуваат и да разговараат со дел од присутните. Си-ен-ен јави дека било најавено доаѓање само на Вилијам и Кејт и дека појавувањето на Хари и Меган било изненадување. Си-ен-ен коментира дека смртта на кралицата била шанса да се промовира помирување во семејството по разликите и поделбите од минатото.
Во саботата беше соопштено дека погребот на Елизабета Втора ќе биде на 19 септември. Исто така, во саботата Чарлс Трети беше прогласен за нов британски монарх.