Изралските безбедносни сили (ИДФ) објавија дека граѓаните на Израел може да ги напуштат засолништата откако Иран изврши ракетен напад врз земјата. Првичните проценки на Израел се дека Иран истрелал 180 проектили
Соединетите Американски Држави соопштија дека нивната војска учествувала во соборувањето на ракетите кои Иран ги истрела кон Израел. Засега нема информации за повредени или загинати во нападите
Ако Иран не планира да лансира нов бараж проектили, вечерашните ракетни напади врз Израел се завршени, јавува Би-би-си. Израелските власти соопштија дека граѓаните можат да ги напуштат засолништата, а повторно е отворен и воздушниот простор над земјата.
Tel Aviv under rocket fire pic.twitter.com/8Zl5mn2hX3
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 1, 2024
Ова е последниот развој на настаните откако Иран вечерва го нападна Израел со ракети. Според првичните проценки на израелските служби, истрелани се околу 180 проектили. Засега не е јасно и за какви ракети станува збор бидејќи иранските ракети се појавија релативно брзо над небото на Израел откако беше издадено предупредувањето за наоѓање засолниште.
Нема информации за повредени, засега
Американската телвизиска мрежа Си-ен-ен пренесува дека израелските власти засега тврдат оти нема жртви или барем дека не се свесни дека има жртви по ракетниот напад од Иран.
Портпаролот на ИДФ, Даниел Хагари, за медиумот изјавил:
„Ова беше сериозен напад над нас и ќе има сериозни последици… Во овој момент правиме проценка на ситуацијата, но немаме информации за повредени“.
И САД пресретнале ирански проектили
Според израелските власти, голем дел од проектилите кои Иран ги истрела кон цели во Израел се пресретнати од страна на нивниот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“. Сепак, признава ИДФ, некои проектили успеале да ги погодат своите цели во средишниот и во јужниот дел на земјата.
Американсата мрежа Си-би-ес пренесе дека во пресретнувањето на иранските проектили и одбраната на Израел учествувале и САД. Засега, сепак, не се соопштени повеќе детали.
Славје во Газа и Западниот Брег
Според извештаите на дописниците на повеќе светски медиуми, во Тел Авив и на други места може да се забележи зголемена активност на спасувачките служби. Се упатуваат на повеќе локации.
Israel right now: pic.twitter.com/HEChXzGr1q
— Israel Foreign Ministry (@IsraelMFA) October 1, 2024
На интернет, пак, веќе се појавија стотици видеа и фотографии од вечерашниот напад на Иран врз Израел. Во голем број од снимките направени во Тел Авив, на пример, може да се видат луѓе како се кријат под мостови, до автомобили, односно на местата каде што се нашле кога беше издадено предупредувањето за барање засолниште.
Од друга страна, ракетниот напад бил видлив и од Западниот Брег и од Газа, енклави каде Палестинците се мнозинство. На некои видеа на социјалните мрежи може да се слушнат и извици на прослава на ракетниот напад врз Израел.
Listen to the booms.
— Israel ישראל (@Israel) October 1, 2024
This is Israel right now. pic.twitter.com/DKl6HfWjvz
Мисијата на Иран во Обединетите нации го оправда нападот нарекувајќи го „легален, рационален и легитимен одговор на терористичките акти на ционистичкиот режим“. Иран се закани и дека ќе одговори на секој обид на Израел да возврати.