Кај претседателот Стево Пендаровски попладнево започна лидерската средба на која лидерите на парламентарните партии ќе се обидат да договорат нов датум за прекинатите предвремени парламентарни избори, откако Комисијата за заразни болести, ДИК и ОБСЕ излегоа со свои ставови околу тоа како би се спровел изборниот процес во време на епидемија со ковид-19.
На средбата се присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Оливер Спасовски.





Пред почетокот на средбата, од кабинетот на претседателот на државата објавија фото и видеоматеријал од пристигнувањето на лидерите и на претставниците на политичките партии.
