Од полицијата потврдиле дека во тек се активности во врска со инцидент на имот во Перапунка, кој се наоѓа на околу 300 километри североисточно од Мелбурн. Полицијата издала и повик до граѓаните да ја избегнуваат областа, но без да соопштат дополнителни детали
Според локалните медиуми, инцидентот се случил кога полициски службеници пристигнале на имотот за да спроведат налог во врска со сексуални прекршоци
Двајца полициски службеници се убиени,а еден е повреден во вооружен инцидент што денеска се случил во рурална област во австралиската сојузна држава Викторија, пренесува Би-би-си.

Засега нема детални информации за настанот кој се случил на имот во местото Порепунка, каде сè уште е во тек полициска интервенција.
На местото, според британскиот национален сервис, кој се повикува на локални медиуми, можат да се забележи големо полициско присуство, вклучувајќи најмалку едно оклопно возило и хеликоптер.
Од полицијата потврдиле дека во тек се активности во врска со инцидент на имот во Перапунка, кој се наоѓа на околу 300 километри североисточно од Мелбурн.
Полицијата издала и повик до граѓаните да ја избегнуваат областа, но без да соопштат дополнителни детали.
„Ќе дадеме повеќе информации кога ќе биде оперативно безбедно да се стори тоа“,
се наведува во полициското соопштение во врска со настанот.
Локалниот весник „Д Ејџ“ (The Age), објави дека двајца полицајци се застрелани, а друг е повреден, додека австралиските федерални власти соопштија дека постои сериозна загриженост за дел од полицијаците вклучени во настанот.
Според весникот, инцидентот се случил кога полициски службеници пристигнале на имотот за да спроведат налог во врска со сексуални прекршоци.
Дел од тамошните медиумите објавуваат дека од убиените полицајци било одземено огнено оружје.
Во меѓувреме, сите објекти во округот се затворени, меѓу коуи и локалното основно училиште.
Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе и премиерката на државата Викторија, Хасинта Алан, според досегашните информации, излегле со кратки изјави во кои ја истакнуваат храброста на полицајците.
„Нашите мисли се со полицијата за работата што ја вршат, секој ден. Мажите и жените што ја носат полициската униформа преземаат ризици секој ден“,
изјавил Албанезе.
Австралиските локални медиуми објавуваа дека во инцидентот има еден осомничен напаѓач кој е вооружен со огнено оружје од полицаец.
Овие информациите, според Би-би-си, ги објавиле „ Ејџ“ и 7 Њуз (7 News), без да ги наведат своите извори, поради што нивните наводи во моментот не можат да бидат независно потврдени.
Според овие медиуми, вооружениот напаѓач наводно сè уште е на слобода.

Коментирајќи ги извештаите дека двајца полицајци се убиени, а друг е повреден, Австралиската федерална полициска асоцијација, односно синдикатот на федералните полицајци на земјата, издал соопштение во кое ги изразува „своите најдлабоки мисли до полицајците, семејствата и колегите од полицијата на Викторија погодени од денешниот инцидент“.
Според последните информации на Еј-би-си, на местото на настанот се присутни бројни екипи на Службата за итни случаи, но ситуацијата е помирна во споредба со првичниот еден час по информациите дека се случило пукањето.