Оштетувањето на мостот ќе се санира со брзоврзувачки материјали на цементна основа, што ќе овозможат враќање на асфалтот за само 24 часа после реконструкцијата на коловозната плоча, велат од ЦУК во соопштението
Центарот за управување со кризи вечерва соопшти дека викендов поради санирање на оштетувањето на мостот на Маркова Река во населбата Драчево, на овој потег ќе биде воведен времен режим на сообраќај.
Оштетувањето на мостот ќе се санира со брзоврзувачки материјали на цементна основа, што ќе овозможат враќање на асфалтот за само 24 часа после реконструкцијата на коловозната плоча, велат од ЦУК во соопштението.

Санацијата е планирано да се заврши за два дена, предвидено до поставување на асфалтната маса и поради тоа се бара период со минимална фреквенција на мостот – што значи во период од 20-тина часа, сообраќајот на мостот ќе треба да се одвива по само една сообраќајна лента, со најмала можна брзина на движење, од околу 10км/h.

Времениот сообраќаен режим на овој потег ќе важи до завршување на градежните активности за санација на оштетувањата, па оттука Центарот апелира за максимална претпазливост при возењето на учесниците во сообраќајот.