Правилата се исти: уживање, спиење, читање книги, храна, пијалоци, се е дозволено освен станување. На секои 8 часа е дозволено одење во тоалет
Во Црна Гора во тек е јубилеен натпревар во лежење. Натпреварот се одржува во еко-селото Црна Гора, недалеку од Никшиќ.

„Првата награда е 300 евра. Правилата се исти: уживање, спиење, читање книги, храна, пијалоци, се е дозволено освен станување“,
објавија организаторите на Фејсбук, кои оваа година, сепак, им дозволија на натпреварувачите да одат во тоалет на секои осум часа, што е единствена промена од досегашните правила.
„Порано беше без тоа, но го воведовме оваа година за да ја избереме вистинската мрзелива личност “,
коментира организаторот.
Организаторите обезбедија храна за седум дена, а ако некој е навистина упорен во лежењето, ќе може дури и подолго.

Претходниот рекорд во лежење е 52 часа, а се смета дека ќе биде надминат оваа година.
Во меѓувреме, видеа на младите натпреварувачи кои лежат во природа опкружени со камермани го обиколуваат светот.