Повреденото лице со хеликоптер е пренесено до комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде што е предадено за укажување лекарска помош

На планинар кој бил повреден на Осоговските Планини и не можел сам да се движи попладнево му била укажана помош од спасувачки тим на хеликоптерската единица на Министерството за внатрешни работи (МВР).
Спасувачката акција, како што велат од МВР, следувала откако во попладневните часови било пријавено дека лице што планинарело се здобило со повреди и не можело да се движи.
„Веднаш по добиената пријава, алпинистичкиот тим на САЕ ‘Тигар’ со хеликоптер пристигна на местото на несреќата, го подготви повреденото лице за транспорт и со хеликоптерот од хеликоптерската единица за полициски намени го пренесе до хелиодромот во комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје каде што е предадено за укажување лекарска помош“,
се вели во соопштението од МВР.
