Холанѓанецот се здобил со тешки повреди на ‘рбетот, па со вакуум-душек и шанцова кравата бил имобилизиран, а со помош на „Тигрите“ бил сместен во хеликоптер на МВР
Холандскиот државјанин кој со параглајдер падна на планината Галичица е пронајден и спасен и со хеликоптер оттаму се транспортира за Скопје, каде што ќе го преземе медицински тим.






Тој се здобил со тешки повреди на ‘рбетот.
„Спасувачите од планинарската спасувачка служба од Црвениот крст – Охрид пристигнаа на падините на Галичица, на местото на кое падна холандскиот параглајдерист, поради сериозните повреди на ‘рбетот го имобилизираа со вакуум-душек и шанцова кравата и со помош на полициските специјалци од ‘Тигрите’ го сместија во хеликоптер на МВР. Хеликоптерот е на пат за Скопје, каде повредениот турист ќе го преземе медицински тим“,
велат од ЦУК.
Случајот беше пријавен во полиција во попладневните часови, по што повеќе тимови се упатија кон падините на планината за да го пронајдат и спасат холандскиот државјанин.