Попладнево на автопатот од Скопје кон Куманово, во близина на Агино Село, се случи сообраќајна несреќа помеѓу камион и автобус.
Од сликата на терен може да се види дека по коловозот има парчиња стакло од скршениот заден прозорец на автобусот. Станува збор за автобус кој сообраќа на редовна линија Скопје-Куманово.

Патниците се надвор од автобусот и во моментов нема официјални информации дали има повредени лица.

Сообраќајот на тоа место се одвива отежнато.