Руската ракета директно го погоди центарот на градот во нашиот Чернихив. Таму се плоштадот, Политехничкиот универзитет, театарот. Обична сабота која Русите ја претворија во ден на болка и загуба, пишува на Телеграм украинскиот претседател

Најмалку седум лица меѓу кои и едно шестгодишно дете, загинаа, а 90 се повредени во руски ракетен напад на централниот плоштад во северниот украински град Чернихив, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи. Нападот се случил додека луѓето оделе во црква, соопшти Министерството.
„Руската ракета директно го погоди центарот на градот, во нашиот Чернихив. Таму се плоштадот, Политехничкиот универзитет, театарот. Обична сабота која Русите ја претворија во ден на болка и загуба“,
објави на Телеграм украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во работна посета на Шведска.
This is what it means to live next to a terrorist state. This is what we are uniting the entire world against.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) August 19, 2023
Today, a Russian missile hit the heart of Chernihiv. A square, a university, and a theater. Russia turned an ordinary Saturday into a day of pain and loss. There are… pic.twitter.com/AMgXCVfR7h
Во краткото видео што ја придружува најавата на Зеленски може да се видат остатоци расфрлани низ плоштадот пред регионалниот драмски театар. Во видеото, исто така, може да се видат урнатините околу големата станбена зграда во советски стил, со автомобили паркирани наоколу и делумно уништени, со оштетени покриви и прозорци.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Украина, објави ново видео за кое тврди дека го прикажува моментот на ракетен напад врз центарот на Чернихив.
На жителите на Чернихив, во Северна Украина, им било кажано да останат во засолништа откако градот бил под руски напад.
„Непријателот го гранатираше центарот на Чернихив. Веројатно балистичка ракета. Останете во засолништата. Деталите ќе бидат објавени подоцна“,
рече регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус на Телеграм.

Чернихив е град со зелени булевари и вековни цркви и се наоѓа на околу 145 километри северно од главниот град Киев.
Русија ги напаѓа украинските градови далеку од линијата на фронтот со проектили и дронови како дел од инвазијата што ја започна во февруари минатата година. Воздухопловните сили на Киев рано во саботата соопштија дека украинската војска соборила 15 од 17 беспилотни летала „шахед“ од иранско производство, лансирани од Москва во ноќен напад.
Chernihiv.#RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/29ySLTv01q
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) August 19, 2023