Според првичните информации на ДЗС, се работи за намерно подметнат пожар
Голем пожар избувна попладнево над скопското село Батинци, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

„Огнот зафати трева, грмушки и мешана шума. Поради ветрот се шири со голема брзина“,
вели тој.
На терен, како што додава, интервенира скопската Борага за противпожарна заштита.
„Набргу ќе пристигнат два пинцгауери на ДЗС, како и хеликоптерот на Министерството за внатршни работи. Нешто подоцна се очекува да полетаат и два ‘ертрактори‘ на ДЗС“,
кажа Ангелов.

На местото на пожарот се наоѓа и директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.
Првичните информации говорат, според Ангелов, дека се работи за намеерно подметнат пожар.