Сите улици во Кочани се полни со луѓе кои се упатени кон градските гробишта за да им оддадат последна почит на загинатите. Во рацете држат цвеќиња, со нем поглед, солзи во очите
Поворката од роднини, пријатели, граѓани и возилата во кои се загинатите од Кочани полека се приближува кон градските гробишта.
















Поворката ја предводат млади луѓе кои во рацете држат фотографии на дел од загинатите во пожарот.
По нив одат погребните возила со телата на загинатите.
Сите улици во Кочани се полни со луѓе кои се упатени кон градските гробишта за да им оддадат последна почит на загинатите. Во рацете држат цвеќиња, со нем поглед, солзи во очите.
Има засилено полициско присуство заради обезбедување на настанот.
Досега сѐ се одвива многу достојно, со ред. Најголем дел од новинарските екипи се на главниот пат, од каде што можеа да ја снимат поворката, но долу, како што и повикаа надлежните, во близина на гробиштата речиси да нема новинарски екипи.