Засега нема прецизни информации за бројот на загинати и на повредени во несреќата
Според полицијата, автобусот, во кој имало 50 патници и кој се движел на меѓудржавниот автопат 90, на околу 40 километри источно од Бафало, влегол во средишната лента, а потоа завршил во канал од десната страна на патот
Повеќе лица загинаа, а голем број други се повредени во сообраќајна несреќа на туристички автобус што денеска се случила во американската сојузна држава Њујорк, јавуваат светските медиуми.

Несреќата се случила додека околу 50 патници, меѓу кои и деца, се враќале од обиколка на Нијагарините водопади кога возачот на автобусот ја изгубил контролата врз возилото, по што тоа излетало од патот.
По несреќата, која се случила во близина на градот Бафало во северниот дел на државата Њујорк, неколку лица биле заробени во превртениот автобус, а спасувачките напори на надлежните служби се сè уште во тек.
NEW YORK
— Abhay (@AstuteGaba) August 22, 2025
BREAKING – Drone video shows large emergency response to tour bus crash
NYS Police update on fatal bus crash in Pembroke
August 22, 2025
Rollover crash involving tour bus on the New York Thruway leaves multiple dead, others injured
A tour bus returning to New York… pic.twitter.com/QZxKof7Qz6
Автобусот кој се движел на меѓудржавниот автопат 90 во близина на излезот Пембрук, околу 40 километри источно од Бафало, влегол во средишната лента, а потоа завршил во канал од десната страна на патот, изјави полицискиот службеник на државата Њујорк, Џејмс О’Калахан.
Тој за новинарите на местото на настанот изјави дека автобусот се превртел и дека повеќето луѓе не носеле безбедносни појаси.
Наведе и дека луѓето внатре биле исфрлени надвор од автобусот преку искршените прозороци
„Имало повеќекратни исфрлувања. Има луѓе заробени во возилото и повеќекратни жртви, вклучително и деца“,
рече тој, пренесе „Гардијан“.
Според него, возачот ја преживеал несреќата и во моментот полицијата разговара со него.
„Возачот е жив и во добра состојба. Работиме со него. Веруваме дека имаме добра претстава што се случило, зошто автобусот ја изгубил контролата“,
додава О’Калахан, не соопштувајќи повеќе детали.
Од фотографиите од местото на настанот се гледа дека автобусот е превртен на страна во близина на патот, а повредените во несреќата со возила за итна помош и со медицинските хеликоптери се пренесуваат во болници.
„Имаше стакло и лични предмети од луѓе по целиот пат. Сите прозорци беа скршени“,
изјавил очевидец на настанот за Бафало њуз.
Засега нема прецизни информации за бројот на загинати и на повредени во несреќата.
NY tour bus crashes, leaving several dead and injured on trip back from Niagara Falls https://t.co/hw9M61TfeL pic.twitter.com/z97tSE9JRQ
— New York Post (@nypost) August 22, 2025
Според полицијата туристите во автобусот биле главно од индиско, кинеско и филипинско потекло, а службените лица се обидуваат да доведат преведувачи на местото на настанот.
„Мерси флајт“, регионалната служба за брза помош од воздух, потврди дека три од нејзините хеликоптери ги пренеле жртвите од несреќата во болници. Медицинскиот центар на округот Ери (ECMC) пријавил дека имал најмалку осум пациенти.
Според раководутелката на „Мерси флајт“, Маргарет Ферентино, дополнителни хеликоптери и амбулантни возила биле повикани од околните области.
„На местото има многу активност. Во овој момент се молиме за жртвите“,
изјавила таа за Асошиејтед прес.
Управата за сообраќај на државата Њујорк објави дека значаен дел од автопатот е затворен во двата правци и ги повика возачите да ја избегнуваат областа.

Кети Хочул, гувернерката на Њујорк, на платформата Икс напиша дека е информирана за „трагичната несреќа со туристичкиот автобус“ и дека нејзината канцеларија е во координација со органите за спроведување на законот и локалните агенции.
Главната обвинителка на Њујорк, Летиција Џејмс, исто така се огласи на социјалните мрежи, наведувајќи дека станува збор за многу тешка сообраќајна несреќа.
„Оваа автобуска несреќа е трагична и се молам за сите (засегнати). Благодарна сум на службите за итна помош кои работат на спасување и помагање на луѓето“,
напиша таа.
This bus crash is heartbreaking, and I'm praying for everyone impacted.
— NY AG James (@NewYorkStateAG) August 22, 2025
Grateful to our first responders on the scene working to rescue and help people.https://t.co/iIvZdzvKXq