Деловите од Суми погодени во нападот утринава се во близина на три театри, универзитетска болничка клиника, конференциски центар, теретана и концертна сала. Нема воени цели во погодената област во рамките на познатата зона на прецизност на ракетата „искандер-М“, која се проценува на 30-70 метри, што, според украински медиуми, укажува на тоа дека станува збор за намерен напад на цивили

Најмалку 32 лица загинаа во руски напад со балистички ракети врз градот Суми во североисточна Украина, што се случи утрово. Меѓу убиените имало и две деца. Најмалку 84 лица се ранети, од кои десет деца. Ова е еден од најсмртоносните руски напади врз Украина оваа година.
Како што потврдија украинските власти, бил погоден тролејбус, а нападот бил извршен со балистичка ракета „искандер-М“.
Спасувачките работи продолжуваат на местото на настанот, соопшти украинската државна служба за итни случаи.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха, реагираше на нападот.
„Изведувањето на ваков напад за време на голем христијански празник (Цветници) е апсолутно зло“,
оцени Сибиха.
Тој додаде дека официјалните лица „споделуваат детални информации за ова воено злосторство“.
Сибиха, исто така, ја критикуваше Русија за одбивањето на предлогот за прекин на огнот од САД и ги повика партнерите на Украина да го зголемат притисокот врз Москва.
„Силата е единствениот јазик што тие го разбираат и единствениот начин да се стави крај на ужасниот терор“,
оцени тој.
Russian missile strike on Sumy today.
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) April 13, 2025
The missile hit the center of the city. Local authorities report that many people are dead and injured.
The morning of the Sunday before Easter is a time when many Ukrainians go to church. And Russia chose this time for its strike. pic.twitter.com/A3sMAcOeMa
Претседателот на Украина Володимир Зеленски, изјави дека смртоносните напади биле извршени со балистички ракети и повика на „силен одговор од светот“.
„Русија сака токму ваков терор и ја продолжува оваа војна. Без притисок врз агресорот, мирот е невозможен. Разговорите никогаш не ги запреле балистичките ракети и бомбите. Треба да се однесуваме кон Русија онака како што заслужува терорист“,
напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Станом на зараз відомо вже про 31 загиблого в Сумах після удару російських балістичних ракет. Серед загиблих – двоє дітей. Мої співчуття рідним та близьким. Понад 80 людей поранені, зокрема десять дітей. Усім надається необхідна допомога.
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 13, 2025
Дуже важливо всім у світі не мовчати, не… pic.twitter.com/WvlZK52wgZ
Деловите од Суми погодени во нападот утринава се во близина на три театри, универзитетска болничка клиника, конференциски центар, теретана и концертна сала. Нема воени цели во погодената област во рамките на познатата зона на прецизност на ракетата „искандер-М“, која се проценува на 30-70 метри, што, според украински медиуми, укажува на тоа дека станува збор за намерен напад на цивили.
Нападите го погодиле центарот на градот на празникот Цветници, додека жителите присуствувале на црковни служби на еден од најфреквентните денови за одење во црква во годината, според украинската министерка за економија Јулија Свириденко.
Две балистички ракети беа истрелани од Русија во центарот на градот, рече Володимир Артјух, шеф на воената администрација во регионот.
„Во тој момент, многу луѓе беа на улица. Непријателот се надеваше дека ќе нанесе најголема штета на луѓето во градот Суми“,
додаде тој.
Артем Кобзар, в.д. градоначалник на Суми, ја потврди бројката на загинати, велејќи:
„Многу луѓе се убиени денеска како резултат на ракетниот напад“.
Видео објавено од министерот за внатрешни работи Ихор Клименко, покажува пожарникари кои реагираат на местото на настанот, гасејќи запалени автомобили и евакуирајќи жена од нејзиниот дом. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат уништени згради, разнесени прозорци и купишта урнатини. На земјата можат да се видат тела покриени со ќебиња за итни случаи.
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ Каја Калас, го нарече инцидентот „ужасен пример за Русија која ги засилува нападите додека Украина прифати безусловен прекин на огнот“.
Русија во последните недели ги зголеми воздушните напади и ракетните удари врз регионот Суми, додека ги истиснуваше украинските сили од поголемиот дел од соседната руска територија Курск. Нејзините сили исто така окупираа неколку мали населби веднаш до регионот Суми.