Потопени се населените места кон Доња Жупа, од Велика и Мала Врбница кон Александровац. Машини и членови на Итниот штаб заедно и мештаните се обидуваат да спасат што може да се спаси. Во оваа општина од 6 јуни е во сила вонредна состојба
Србија деновиве се соочува со големи проблеми предизвикани од поројниот дожд, а вонредна состојба е прогласена во 35 града и општини, јавуваат српските медиуми.
Водата го однела мостот во градот Адрани кај Краљево, сообраќајот кон Чачак е во прекин. Пожарникарите и спасувачите се на терен низ цела Србија.
Snimci sa viber grupe stop034#kragujevac #kisa #15jun pic.twitter.com/AoqHRPPZcK
— Marjan Stojanović (@marjan_kg) June 15, 2023
Поради обилните врнежи од претходните денови надојдени се сите водотеци во Краљево, предизвикувајќи големи штети на сообраќајната инфраструктура.

Уништена е многу фреквентна автопатска делница, но за среќа, нема повредени, а под вода беа и неколку околни домаќинства, пишува порталот Новости.рс.
Драматични се сцените речиси во сите градови на округот Расин, каде што од синоќа се води борба со новите врнежи и поројни дождови, додава порталот.
Потопени се населените места кон Доња Жупа, од Велика и Мала Врбница кон Александровац. Машини и членови на Итниот штаб и со мештаните се обидуваат да спасат што може да се спаси. Во оваа општина од 6 јуни е во сила вонредна состојба. Уништени се локални патишта.

Како што јавуваат дописниците на РТС од Краљево, поради обилните врнежи, се излеал потокот Мусача во градот Адрани. Под вода се неколку куќи, а водата го однела и мостот на регионалниот пат поради што е во прекин сообраќајот меѓу Краљево и Чачак. Во прекин е и сообраќајот преку Опланиќ, па сега е невозможно да се стигне до Чачак.

Во Крагуевац поради обилен дожд поплавен е подрумот на хируршкиот блок на Ургентниот клинички центар, како и неколку улици во населените места Станово, Грошница и Велико Поле.
Водата поплавила и педестина двора. Поради обилни врнежи, на патот кон Вишеград во близина на тунелот Шарган се случил одрон на карпа.