Пред хотелот каде што е сместен медиа центарот за неговиот штаб, Пендаровски придружуван од сопругата и синот се фотографира со соработниците кои изминатите пет години го сочинуваа неговиот кабинет
Стево Пендаровски, претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ, вечерва по одржувањето на прес-конференцијата направи заедничка фотографија со своите соработници.
Пред хотелот каде што е сместен медиа центарот за неговиот штаб, Пендаровски придружуван од сопругата и синот се фотографира со соработниците кои изминатите пет години го сочинуваа неговиот кабинет.

Од видеото што го сними новинарката на „360 степени“, Славица Филиповска-Иванова, се гледа како Пендаровски и неговите соработници се местат за фотографирање.
Јасно се гледа и се слуша како насмеан им вели „Ајде, збијте се“, на присутните околу себе.
На прес-конференцијата рече дека резултатите се јасни и нема потреба од дополнително образлагање. Честитајќи им ја победата на победниците, Пендаровски им посака успех во работата во наредните четири, односно пет години.
Прашан што ќе прави по заминувањето од претседателската функција, Пендаровски рече дека се враќа на својата работа како професор на факултет, каде што работеше и пред преземањето на функцијата.