Шефот на државата и првата дама беа пречекани во центарот на Пустец од албанскиот претседател Бајрам Бегај и неговата сопруга Арманда Бегај. Следуваше церемонија за добредојде со кратка културно-уметничка програма во изведба на локални уметници

Претседателот Стево Пендаровски, во придружба на сопругата Елизабета Ѓоргиевска, утринава пристигна во Општина Пустец во рамки на еднодневната посета на Република Албанија.
Шефот на државата и првата дама беа пречекани во центарот на Пустец од албанскиот претседател Бајрам Бегај и неговата сопруга Арманда Бегај, како и од градоначалникот Пали Колефски и други претставници локалната власт.

Следуваше церемонија за добредојде проследена со кратка културно-уметничка програма во изведба на локални уметници од Пустец.

По церемонијата за добредојде, претседателот и неговата сопруга продолжија во посета на црквата „Свети Архангел Михаил“ во Пустец.


Следно на агендата на претседателот е средба со локалните власти и посета на црквата и на училиштето во Пустец, по што ќе следи заедничка изјава за медиуми на двајцата претседатели.
Шефот на државата ќе го посети и селото Голомбок, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации. Во Пустец, Пендаровски ќе се сретне и со претставници на здружението на Македонците од Албанија „Сонце“, по што заминува за Поградец каде исто така ќе има средба со локалните власти.