Шефот на дипломатијата ги покани своите колеги од земјите учесници на годинешниот состанок да присуствуваат и на наредниот министерски совет што треба да се одржи во Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, како дел од тројката претседавачи на ОБСЕ (Северна Македонија, Полска и Шведска), денеска ја водеше третата пленарна сесија на 29. министерски состанок во Лоѓ, Полска.
Северна Македонија, потенцира Османи, е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста имајќи ја предвид привилегијата во 2023 година да биде претседавач со ОБСЕ. Претседателството ќе го преземе од Полска, а во 2024 ќе го предаде на Шведска.
„На овој пат, и нашите успеси и неуспеси ќе бидат ваши. Денешните тешки времиња бараат решителност и посветеност. Затоа, би сакал да ја искористам оваа пригода, да го повикам секој од вас да преземе и критична одговорност“,
рече Османи.

Шефот на дипломатијата ги покани своите колеги од земјите учесници на годинешниот состанок да присуствуваат и на наредниот министерски совет што треба да се одржи во Скопје.
„Министерот Османи ги покани Министрите за надворешни работи на земјите учеснички на ОБСЕ на идниот Министерски совет што ќе се одржи во Скопје, потенцирајќи дека предизвиците на ОБСЕ регионот и иднината на Организацијата се значаен повод да се седне околу оваа маса и да се засилат заедничките напори во име на принципите од Хелсинки до кои сите се придржуваат земјите учеснички на ОБСЕ“,
соопштија од МНР.