Претходно за случајот информираше и Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што посочија дека марихуаната што била пренесувана е во вредност од околу 300 илјади евра, а посочија и дека при претрес извршен со судска наредба во домот на осомничениот биле пронајдени и 17 куршуми со различен калибар
Од Основното јавно обвинителство Прилеп додаваат дека на 24-годишникот му е определена мерка притвор од 30 дена поради опасност од бегство
Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истражна постапка против 24-годишник, кој е осомничен дека пренесувал 86 килограми марихуана од Охрид, по магистралниот пат Прилеп – Градско, а која била наменета за натамошна продажба.

Дрогата, како што додаваат од Обвинителството, ја сместил во четири патни торби, на задното седиште од автомобилот, па во близина на бензинска пумпа на излезот од Прилеп бил сопрен од полициски службеници.

„Кога се обиделе да извршат контрола, со употреба на сила, тој ги спречил службените лица. На даден знак, тој најпрвин го запрел возилото, а кога полициските службеници се доближиле да ги проверат неговиот идентитет и сообраќајните документи, нагло со големо забрзување се дал во бегство возејќи во правец кон полицајците“,
велат од Обвинителството.
За да го избегнат ударот, полицајците скокнале настрана, а осомничениот со автомобилот удрил во службеното полициско возило и во уште еден автомобил во близина. Потоа, како што додаваат од Обвинителството, продолжил да вози кон Градско и кога пристигнал кај местото викано Ленишки Мост запрел и започнал од автомобилот да ги исфрла торбите со дрога, по што полицајците го забележале и го лишиле од слобода.
Од ОЈО додаваат дека на 24-годишникот му е определена мерка притвор од 30 дена поради опасност од бегство.
Претходно, за случајот информираше и Министерството за внатрешни работи (МВР), од каде што посочија дека марихуаната што била пренесувана е во вредност од околу 300 илјади евра, а посочија и дека при претрес извршен со судска наредба во домот на осомничениот биле пронајдени и 17 куршуми со различен калибар.
„Во текот на вчерашниот ден (31.05.2022) во прилепско, Министерството за внатрешни работи, поточно полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ и СВР Битола – ОВР Прилеп, реализираа акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога, во која беше пресечен меѓународен канал за транспорт на дрога од Албанија, преку нашата земја, со крајна цел – Република Грција, а беа запленети околу 86 кг марихуана во вредност од околу 300 000 евра и од слобода е лишено едно лице“,
соопштија од МВР.