Според неофицијални информации на Федералната управа за цивилна заштита, во областа Јабланица има петмина загинати како последица на големото невреме. Има информации и за голем број повредени и исчезнати лица
Неколку лица загинаа по синоќешното невреме со обилен дожд што предизвика свлечишта, одрони и одлив на реки во некои од централните и јужните подрачја во Босна и Херцеговина. Најпогодени се областите Јабланица и Коњица, а последици од невремето има и во Кисељак, Крешево и Фојница.
Bosna Hersek’te sel can aldı https://t.co/m3R3cPzhEy pic.twitter.com/LfDL1l2owM
— Time Balkan (@TimeBalkan_) October 4, 2024
(FOTO i VIDEO) Ima poginulih, nestalih…#Jablanica #poplave https://t.co/U5zFImhTMl
— Oslobođenje (@Oslobodjenjeba) October 4, 2024
„Поради големите поплави и одрони, голем дел од населението е загрозено. Има информации за жртви, како и за голем број повредени и исчезнати лица“,
соопшти Федералната управа за цивилна заштита.
Според неофицијални информации на Управата, во областа Јабланица има пет загинати како последица на големото невреме. Во изјава за локалните медиуми, оттаму велат дека испратиле барања за помош до Федералното министерство за внатрешни работи и вооружените сили на БиХ. Посочуваат дека во моментов најголема е потребата од тешки машини за расчистување на одроните на неколку места.
Во меѓувреме, Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина соопшти дека хеликоптер на воените сили на ЕУ во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) врши итен транспорт на тешко повредено дете од Јабланица.
Поради поплавите по обилните врнежи, Јабланица е целосно блокирана, поплавени се куќи, патиштата се блокирани, а делумно се прекинати и телекомуникациските мрежи.
Ovako trenutno izgleda Donja Jablanica (video: domovina BiH) pic.twitter.com/5K1rCwXCec
— Istraga.ba (@IstragaB) October 4, 2024