Експлозијата се случила во рудник во близина на градот Амасра, на брегот на Црното море, а според првичните проценки во моментот на експлозијата околу 49 рудари останале заробени под земја
Најмалку 22 рудари загинаа, а неколку десетици се повредени во експлозија во рудник за јаглен што во петокот се случи во северниот дел на Турција, јавуваат агенциите. Според турскиот министер за здравство Фахретин Коча хоспитализирани се 17 рудари.

Засега нема прецизни информации колку рудари се заробени по експлозијата која се случила додека во рудникот работеле 110 луѓе.
Експлозијата се случила во рудник за јаглен во близина на градот Амасра, на брегот на Црното море, а според првичните проценки во моментот на експлозијата околу 49 рудари останале заробени под земја.
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу претходно изјавил дека се спасени најмалку 28 повредени рудари.

Причините за експлозијата сè уште не се утврдени. Од турската управа за катастрофи и вонредни ситуации соопштија дека експлозијата во рудникот била предизвикана од трансформатор, но подоцна ги повлекоа ваквите тврдења и истакнаа дека причината за експлозијата и понатаму останува непозната.
Министерот за енергетика, Фатик Донмез изјавил дека експлозијата најваројатно ја предизвикал руднички гас – запалив гас кој се наоѓа во рудниците за јаглен.
Најтешката рударска катастрофа во Турција се случи во 2014 година кога во рудникот во градот Сома на западот на земјата во пожар загинаа 301 лице.