Меѓу другото, премиерите на Бугарија и Северна Македонија денеска ја посетија и канцеларијата на бугарската новинска агенција БТА во Скопје и со тоа го означија почетокот на работата на оваа канцеларија во земјава
Премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков денеска заеднички им оддадоа почит и положија цвеќе на спомениците на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ и на „Св. Климент и Наум Охридски“, во центарот на Скопје.

Светите браќа Кирил и Методиј и на Св. Климент и Св. Наум.
„Двајцата премиери заеднички оддадоа почит на делата на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј и на Св. Климент и Св. Наум како уште една потврда за важноста од соработката на двете држави, за зајакнување на меѓусебната доверба која се гради со заедничка работа во име на напредокот на народите во двете земји“,
информираат од Владата.
Меѓу другото, премиерите Ковачевски и Петков ја посетија и канцеларијата на бугарската новинска агенција БТА во Скопје и со тоа го означија почетокот на работата на оваа канцеларија во Северна Македонија.

За време на одржувањето на меѓувладината седница, пак, која на 25 јануари ќе се одржи во Софија, ќе биде отворена и канцеларијата на МИА во Република Бугарија, која ќе биде лоцирана во Македонскиот културно-информативен центар во Софија.