Има голем број на медиумски екипи – од Грција, Италија, Германија, Бугарија, Србија…
И покрај дождот, кочанчани започнаа да се собираат на градскиот плоштад за најавениот протест.
Како што може да забележи екипата на „360 степени“, доаѓаат се поголем број на луѓе – од најмали до најстари… Тие носат транспаренти и бараат правда за загинатите и одговорност од институциите.







Училиштата во градот денеска формално биле отворени, но немало настава.
Се поголем број граѓани доаѓаат да се потпишат во книгата на жалост и да запалат свеќи.
Има голем број на медиумски екипи – од Грција, Италија, Германија, Бугарија, Србија…
За денеска во 13 часот беше најавен протест во Градскиот парк во Кочани.
„Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој нè обезбедува сигурност, благосостојба и праведност“,
беше наведено во објава на фејсбук-страницата Кочани.