Пратеникот пристигна во нашето студиото еден час по прес-конференцијата во Собранието
Кастриот Реџепи, пратеникот на Беса, кој претендира да остане во истиот табор, и покрај најавите на Билал Касами за негово исклучување од партијата, денеска беше гостин во студиото на „360 степени“, каде што пристигна околу еден час по прес-конференцијата што ја одржа во Собранието.
Неговото денешно појавување во Собранието, четири дена по неуспешниот обид на опозицијата да ја собори владата на Зоран Заев, предизвика голем медиумски интерес, со оглед на тоа што токму отсуството на Реџепи оневозможи воопшто да се отвори расправа за иницијативата за недоверба на Владата.
Интервјуто можете да го проследите во вечерашната емисијата „360 степени“, која почнува во 22 часот на програмата на Алсат ТВ.