Во меѓувреме, иранската мисија во ОН во објава на социјалните мрежи по лансирањето проектили врз Израел, соопшти дека одговорот на Техеран е „соодветно извршен“
Израелската армија објави дека Иран тукушто истрелал ракети кон Израел и оти во тек е воздушен напад.
Сирените за воздушен напад се огласиле низ целата земја, а на жителите им било наредено да се евакуираат.
„Од вас се бара да останете во заштитеното подрачје до понатамошно известување“,
се вели во соопштението на израелската армија до населението.
⚡️ BREAKING:
— NEXTA (@nexta_tv) October 1, 2024
The situation in #Israel at the moment looks like this: the work of the Iron Dome continues. It is reported that not all missiles are being shot down. pic.twitter.com/gIxbY0pq1Q
Засега нема извештаи за повредени.
„Приближно 10 милиони цивили се цел на иранските проектили“,
објавија Израелските одбранбени сили на социјалните мрежи.
Approx. 10 million civilians are the targets of Iranian projectiles. pic.twitter.com/680uDJm3CJ
— Israel Defense Forces (@IDF) October 1, 2024
Во меѓувреме, иранската мисија во Обединетите нации во објава на социјалните мрежи, по лансирањето проектили врз Израел, соопшти дека одговорот на Техеран е „соодветно извршен“.
„Легалниот, рационален и легитимен одговор на Иран на терористичките акти на ционистичкиот режим, кои вклучуваа таргетирање на иранските државјани и интереси и кршење на националниот суверенитет на Исламската Република Иран, е соодветно извршен“,
стои во објавата на Икс на иранската мисија во Обединетите нации.
Се додава дека доколку Израел се осмели да одговори или изврши дополнителни „злонамерни акти“, ќе следува последователен одговор.
Iran’s legal, rational, and legitimate response to the terrorist acts of the Zionist regime—which involved targeting Iranian nationals and interests and infringing upon the national sovereignty of the Islamic Republic of Iran—has been duly carried out. Should the Zionist regime…
— I.R.IRAN Mission to UN, NY (@Iran_UN) October 1, 2024
Претходно, висок функционер на Белата куќа изјави дека САД веруваат оти Иран е подготвен наскоро да изврши балистички ракетен напад на Израел. Предвидувањата на САД, како што изјавил за Си-ен-ен, е дека нападот би можел да биде сличен по обем и размер како оној во април, кога кон Израел беа лансирани повеќе од 300 проектили, меѓу кои 170 беспилотни летала и над 120 балистички ракети.