На градските гробишта има илјадници луѓе, но владее траорна тишина. Молкот повремено го распаруваат лелеците на најблиските
Кочани денеска е во траорна тишина. Роднини, пријатели, граѓани молкум стигнаа на градските гробишта за последен пат да им оддадат почит на загинатите во пожарот што го занеме градот.
На градските гробишта има илјадници луѓе, но владее траорна тишина. Молкот повремено го распаруваат лелеците на најблиските.
Погребната церемонија е обезбедувана со полиција и редарска служба. Присутни се бројни новинарски екипи од земјава и од странство кои снимаат и фотографираат од пооддалечено место, според предвидениот протокол, за да не се повредат чувствата на семејствата.





Во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани загина 59 лица.