Градскиот трговски центар и паркот „Жена борец“ се полни со луѓе како во времето пред епидемијата. Единствено што потсетува дека земјата е во состојба на вонредна состојба се редовите пред некои продавници, но она што е забележително е дека сѐ помалку од оние што чекаат носат маски и држат физичко растојание, како задолжителни мерки.


Од обиколката на ГТЦ, паркот „Жена борец“, кејот „13 Ноември“ и најфреквентната улица „Македонија“ во центарот на Скопје, забележително е дека многу малку од граѓаните носат заштитни маски, додека физичкото растојание од два метра и групирањето воопшто не се почитуваат.


Ова не се почитува ниту во редиците пред продавниците, поштата, ниту, пак, додека се чека да се земе пијалак.



Во паркот, на клупите забележителни се групирањата на повозрасните лица, на вработените во продавниците во ГТЦ и на родители со деца кои го користат топлото време за престој надвор.



На кејот најголем дел од угостителските објекти веќе се исчистени и со средени отворени простори.



На улицата „Македонија“ уште од минатата недела во кафулињата и рестораните беше спроведено чистење и поправки, а во некои денеска дури се слушаше и музика.


Од видеото погледнете како изгледа попладнево улицата „Македонија“ во центарот на Скопје.
*Поврзани вести
Кафулињата и рестораните ќе се отворат следната недела
Предлогот за рестораните и кафулињата е да работат само терасите, една маса на 10 квадратни метри
