Сите се вознемирени и не сакаат да разговараат за вчерашниот пожар

Тага и молк владее денеска во Кочани, градот што вчера го погоди страшна трагедија во која животот го загубија 59 млади лица.
Сите се вознемирени и не сакаат да разговараат за вчерашниот пожар.
Патот до таканаречената дискотека сè уште е непристапен. Пеплосаниот објект е опколен со полициски ленти и го чуваат полицајци.




Граѓаните чекаат во редици да се потпишат во книгата на жалост поставена на плоштадот. Се палат свеќи и се упатуваат молитви за повредените.
За денеска во 13 часот најавен е протест во Градскиот парк во Кочани.
„Овој протест е израз на длабока болка и револт за загубените животи, но и за состојбата во која се наоѓаме како општество. Не можеме да ги вратиме нашите мили сограѓани, но сме должни да се бориме во нивна чест и за нив да го смениме овој неефикасен систем кој не обезбедува сигурност, благосостојба и праведност“,
се наведува во објава на фејсбук-страницата Кочани.
Градоначалникот на Кочани, по трагедијата која го погоди градот, денеска си поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Информацијата ја сподели лично тој на својот фејсбук-профил.