Во масовната несреќа, како што објави унгарската телевизија РТЛ повикувајќи се на полициски извештај, повредени се 36 лица, од кои 13 потешко. Еден од повредените е во животна опасност и е пренесен в болница
Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, но полицијата е на терен и го истражува случајот
Вкупно 42 возила, од кои пет камиони и 37 автомобили, учествувале во голем верижен судир што денеска се случил на автопат кој води до главниот град на Унгарија, Будимпешта.
Според информациите што ги објави унгарската телевизија РТЛ, при судирот биле опожарени 19 автомобили, едно комбе и кабината на возачот на еден од камионите кои учествувале во судирот. Во гасење на пожарот и пребарување на автомобилите учествувале околу 70 пожарникари од седум града.

Во масовната несреќа, како што објави РТЛ повикувајќи се на полицискиот извештај, повредени се 36 лица, од кои 13 потешко. Еден од повредените е во животна опасност и е пренесен в болница.

Неколкумина од повредените од местото на несреќата биле пренесени во болница со хеликоптер на Итната медицинска помош.

Масовниот верижен судир се случил денеска околу 14:30 часот во близина на селото Херцегалом на делницата од автопатот М1 од страната што води до главниот град на Унгарија.
Во моментов автопатот е затворен во двата правци.
Се претпоставува дека причина за несреќата бил силен ветер кој со себе носел прашина и со тоа била намалена видливоста, но засега нема официјална потврда за ваквите наводи.
Полицијата е на терен и го истражува случајот.