Хрватските медиуми јавуваат дека огнот се гаси со 150 пожарникари и со седум авиони. Полесно се повредени четири лица, од кои тројца пожарникари и еден граѓанин, кој дошол во зоната за гаснење за да ги следи и снима случувањата
Голем пожар беснее во Далмација со кој пожарникарите се борат со часови. Гори во Гребаштица кај Шибеник, а силниот ветер во текот на денот го отежнувал гасењето, јавува ХРТ.
Изгореа автомобили, а пожарот стигна и до куќи, поради што дел од населението е евакуирано.

Хрватските медиуми јавуваат дека огнот се гаси со 150 пожарникари и со седум авиони.
Пожарот од Гребаштица е отстранет во текот на попладневните часови, но се шири по ридовите кон Примоштен, јави Indeks.hr.
Полесно се повредени четири лица – тројца пожарникари и еден граѓанин, кој доброволно дошол во зоната на гасење, за да ги следи и снима случувањата.

