Кафулето е сопственост на газдата на таканаречената дискотека која вчера ја зафати страшен пожар при што загинаа 59 лица

За време на денешниот протест во Кочани, незадоволните и револтирани граѓани го демолираа кафе-барот „Класик“ во центарот на градот.
Кафулето е сопственост на газдата на таканаречната дискотека која вчера ја зафати страшен пожар при што загинаа 59 лица.
Во Кочани се одржува протест на кој се бара одговорност за страшната трагедија која го погоди градот. На протестот има и дел од родителите на загинатите деца.