МВР сè уште не соопштува детали за судирот

Сообраќајна несреќа се случи попладнево кај ТЦ „Мавровка“, поради што сообраќајот се одвива во отежнати услови.
Во судирот учествуваа четири автомобили, а засега нема информации за повредени или евентуални жртви.


Иако и полициски службеници се на терен, од МВР досега не излегоа со детали и велат дека проверуваат за што се работи.