Властите соопштија дека досега се потврдени три жртви и најмалку 25 загинати

Во текот на изминатата ноќ, родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Криви Риг претрпел „масовен ракетен напад“ во кој биле погодени и цивилни објекти, вклучително е петкатна станбена зграда.
Локалните власти рано изутринава побараа помош сомневајќи се дека може да има заробени луѓе под урнатините.
Серхи Лисак, гувернер на регионот Днепропетровск, во кој се наоѓа градот, на Телеграм објави фотографија покажувајќи ја штетата што била предизвикана и посочи дека има и жртви.
„Има убиени и ранети“,
напиша Лисак повикувајќи ги луѓето да не ги игнорираат предупредувањата во воздушни напади бидејќи ситуацијата сè уште е опасна.
Подоцна, тој посочи дека досега потврдено е дека има тројца мртви и најмалку 25 повредени.
Реакција објави и претседателот Зеленски обвинувајќи ја Русија дека повторно напаѓа цивили.
„Руските убијци ја продолжуваат својата војна против цивилните објекти, обичните градови и луѓе“,
напиша Зеленски на Телеграм додавајќи дека сторителите ќе одговараат за секој лансиран проектил.
Покрај Криви Риг, цел на руските сили изминатата ноќ биле и други делови на Украина вклучително и регионот на Киев каде властите соопштија дека системите за воздушна одбрана успешно успеале да ги одбијат проектилите во текот на ноќта.