Засега нема информации дали има повредени лица во сообраќајната несреќа

Сообраќајна несреќа е причина за метежот што утринава го има на раскрсницата кај „Мавровка“. Возило марка „рено сеник“ со скопски регистарски ознаки, со оштетен преден дел од автомобилот, сѐ уште стои на булеварот „Гоце Делчев“. Непознато е дали во сообраќајката учествувало и друго возило или „реното“ удрило во бетонската ограда.
На местото може да се види дека се присутни полициски екипи.
Засега нема информации дали има повредени лица во сообраќајната несреќа.

