Доцна попладнево избувнал пожар на отворено во близина на Свети Николе, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според директорот Стојанче Ангелов, огнот се проширил на потегот меѓу селото Кадрифаково и бензинската пумпа „Мики Петрол“, во правец на ветерниците.
„Пожарот зафати ридови со висока трева и нискостеблеста шума. Во гаснењето беа ангажирани пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со подршка од ТППЕ Велес, како и едно од најдобрите доброволни противпожарни друштва во РС Македонија – друштвото од Свети Николе и екипа на Национални Шуми“,
информира Ангелов.
Пожарот е целосно изгаснат вечерва околу 21:00 часот.
Фото: ЦУК
