Најкритичниот дел е во с. Мала Речица каде што сè уште има наноси од земја, камења, дрва и кал
Еден багер и еден камион ангажирани од страна на ДЗС Тетово работат на расчистување на најкритичниот дел од с. Мала Речица каде што сè уште има наноси од земја, камења, дрва и кал по невремето што вчера ги зафати Тетово и околината.



Од Центарот за управување со кризи денеска соопштија дека се очекува на помош да пристигне и уште багер од ЈКП Тетово бидејќи се стравува дека може да дојде до целосно уништување на коловозот како и загрозување на луѓето што живеат во непосредна близина.
