Осомничените, како што велат од Обвинителството, вршеле дејност на откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови, без да имаат регистрирано правно лице и без соодветна дозвола за управување со отпад

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против три лица од Скопје, осомничени за кривично дело загрозување на животната средина и природата со отпад. Осомничените М. М. (54), А. А. (28) и Ф. А. (41), подолг временски период незаконски управувале со отпад на локацијата „Вардариште“.
Осомничените, како што велат од Обвинителството и од Министерството за внатрешни работи, вршеле дејност на откуп на старо железо, метални производи, стари акумулатори и други обоени метали на импровизирани пунктови, без да имаат регистрирано правно лице и без соодветна дозвола за управување со отпад. Тие создале дива депонија на улицата „Зендел Џемаил“ со која го загрозиле квалитетот на почвата, воздухот и водата, но и животот и здравјето на луѓето.




Обвинителството, во координација со СВР Скопје, извршило претреси на локацијата и обезбедиле докази кои потврдуваат дека осомничените непрописно го транспортирале и фрлале отпадот.
Поради постоење опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и опасност од повторување на делото, Обвинителството побара од судот да им определи мерка притвор на тројцата осомничени.