Од фотографиите може да се види дека Трамп е заедно со државниот секретар Марко Рубио, советникот за внатрешна безбедност Стивен Милер, секретарот за војна Пит Хегсет и директорот на ЦИА Џон Ратклиф, со помошници и безбедносен персонал

Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија фотографии на својата платформа Трут Соушал на кои се гледа како тој и други американски функционери ги следат нападите врз Венецуела и заробувањето на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга.
Од фотографиите може да се види дека Трамп е заедно со државниот секретар Марко Рубио, советникот за внатрешна безбедност Стивен Милер, секретарот за војна Пит Хегсет и директорот на ЦИА Џон Ратклиф, со помошници и безбедносен персонал, а компјутерските екрани и комуникациската опрема се видливи на неколку снимки.
Дел од фотографиите се објавени и на фејсбук-страницата на Белата куќа каде стои описот „операција апсолутно решение“.
Фотографиите се направени во раните утрински часови во саботата, додека американските сили го извршија она што тој го опиша како „голем удар“ во Венецуела, што резултираше со заробување на претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга.
