И покрај честата констатација дека појавата на ковид-19 и мерките за заштита од оваа болест ќе станат наша нова реалност, денешната слика од паркот „Жена-борец“ во центарот на Скопје покажува дека навикнувањето на овој нов начин на живот ќе оди тешко.


Топлото време, во комбинација со некои од мерките кои овозможија извесен број граѓани да не одат на работа, ги наполнија клупите во паркот. Меѓу посетителите имаше од различни возрасти: пензионери, средовечни, родители со мали деца, млади. Но, едно беше заедничко за сите: ретко кој од нив носеше маска, а оние што ги имаа ги носеа под брадата, и никој не посветуваше внимание на препорачаното растојание од два метра.


За времето додека бевме во паркот, немаше ниту една полициска патрола која би требало да контролира како се спроведуваат мерките.



