„Само нека не се вадат дека таа е лажна или подарок. Може да биде подарок само од Орце“, велат од опозицијата
Сопругата на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на вчерашниот настан во Македонската филхармонија по повод 100 дена од неговиот мандат се појави со брендирана чанта марка „хермес“, соопштија денеска од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) и посочуваат дека станува збор за една од најексклузивните и најскапи бренд чанти во светот.

„Ваквите чанти ‘хермес мини кели 2′, од 20 сантиметри, чинат од 28 до 33 илјади долари“,
се вели во партиското соопштение.

Според СДСМ, додека работниците едвај врзуваат крај со крај и протестираат за повисоки плати, Скопје се дави во ѓубре, граѓаните со часови чекаат автобуси, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се луксузираат.
„Очигледно за ВМРО-ОКГ нов и поголем авион не оди со стари или евтини чанти. Луксузирање со авиони на грбот на народот оди со часовници од 60 илјади евра и чанти од 30 илјади евра“,
пишува опозицијата.
Оттаму прашуваат што мислат скопјани за овој луксузно-моден патриотизам и за оваа аздисаност.
„Само нека не се вадат дека таа е лажна или подарок. Може да биде подарок само од Орце. После толку криминални тендери со ‘Пирамид билдинг‘ и ‘Ленди груп‘, нивните омилени фирми тоа е секако очекувано“,
додаваат од СДСМ.
Во прилог од СДСМ доставија неколку фотографии од брендираната чанта чанта како доказ по која цена таа може да се купи:
