Како што информира Министерството за внатрешни работи, во несреќата повредени се две лица кои се пренесени во болница. Од полицијата засега нема информација за причините за несреќата

Сообраќајна несреќа во која учествувале четири автомобили се случила вечерва околу 19:40 часот на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје.
Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), во несреќата повредени се две лица кои се пренесени во болница.

„На 18.10.2025 г. во 19:40 часот во СВР Скопје пријавена е сообраќајна незгода на бул. ‘Партизански oдреди’. Полициски службеници веднаш по пријавата се упатиле на локацијата при што констатирана е сообраќајна незгода помеѓу четири патнички возила ‘Голф’, ‘БМВ’, ‘Мерцедес’ и ‘Цитроен’. Од незгодата со повреди се здобиле две лица од кои едното е пренесено во Клинички центар ‘Мајка Тереза’, а другото лице во ГОБ ‘Св. Наум Охридски’ за укажување помош“,
информира МВР.
Од полицијата засега нема информација за причините за несреќата.

Според фотографиите од терен, сообраќајната несреќа се случила во близина на Универзалната сала, на местото каде минатата година трагично загина младата Фросина Кулакова.
На фотографиите се гледа оштетувањето на возилата кои и натаму се на местотот на несреќата.