Претседателот на Собранито, Африм Гаши вели дека овој чин не е само визуелен симбол, туку јасна и моќна порака дека оваа институција е решена да биде на страната на секоја жена и девојка и не толерира насилство под никакви околности
Собранието вечерва светна во портокалова боја во знак на поддршка, солидарност и заедничка акција против сите форми на насилство врз жените и девојките, а по повод светската кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Претседателот на Собранито, Африм Гаши на неговиот фејсбук-профил соопшти дека овој чин не е само визуелен симбол, туку јасна и моќна порака дека највисоката претставничка институција е решена да биде на страната на секоја жена и девојка и не толерира насилство под никакви околности.
„Нека портокаловата светлина послужи како повик за размислување, а заедно со оваа светлина да се разбуди и надежта за општество каде секоја жена и секоја девојка живее без страв, почитувана и заштитена“,
напиша Гаши.
Според генералната секретарка на Собранието, Мартина Димовска, овој чин не е само симболика, тука јасна порака дека оваа институција стои на страната на секоја жена и девојка и не толерира никаква форма на насилство.
